Дома Македонија Коце Трајановски негира дека бил заедно со Тони Трајковски кога го нападнале

Коце Трајановски негира дека бил заедно со Тони Трајковски кога го нападнале

Вчера поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, приваил дека бил нападнат и истепан од непознати сторители. Низ медиумите се прошири вест дека со него во моментот на нападот бил и поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски.

Трајановски во статус на социјалните мрежи ја негира оваа информација:

Loading...

,,Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук.

Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување.

Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата.”

Loading...