Дома Магазин (ФОТО) Синот на Есма, Симеон се огласи пак и откри што и...

(ФОТО) Синот на Есма, Симеон се огласи пак и откри што и во колкава вредност е украдено од нејзиниот дом

Синот на починатата Есма Реџепова, Симеон Атанасов, кој претходно ја раскажа горката приказна за кралицата на ромската музика, повторно се огласи на социјалните мрежи со обвинувања до, како што вели тој, таканаречените Реџепови, за кои тврди дека украле маса и фотеља вредни над 7000 евра.

Тој во својот статус обвинува дека еден дел од децата на Есма го испразниле музејот и однеле се што било вредно, а притоа ги повика и надлежните органи, односно МВР, да ја проверат оваа состојба за, како што вели тој, кражбата во музејот на Есма и Стево Теодосиевски.

Ви го пренесуваме неговиот статус во целост…

Во една своја претходна изјава Симеон истакан:

-Колку што сум упатен, двајца од роднините на Есма ги имаа клучевите од куќата по нејзината смрт. Од куќата, вредна три милиони евра, сега нема ништо. На 30 март беше утврдено дека музејот е ограбен. Недостигаат низа работи – Урната на Стево, радијатори, штекери, вц шолји, кована ограда, клупа, хармоники, труби, гитара, кларинет, пофалници, гарнитура за седење, комода, уметнички слики, маса, столици, 50 метри квадратни подни плочки, фрижидер, шпорет, телевизор, теписи, корнези, прибори за јадење, награди, накит, 200 пара чевли и над 200 фустани кои Есма ги носеше на настапи… Срамно е јас да бидам обвинет за такво нешто. Ниту сум бил приведен, ниту испрашан во полиција, и не знам од каде се пласираше оваа вест во медиумите, но одговорност мора да сносат сите оние кои што ми го валкаат угледот – вели музичарот.