Дома Македонија „Алфите“ заминуваат во историјата – Спасовски откри што ќе биде со нив

„Алфите“ заминуваат во историјата – Спасовски откри што ќе биде со нив

Алфите и единицата за јавен ред и мир се спојуваат во една, интервентна единица, обелодени министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Loading...

Според него, крајната цел е поголема видливост и активност на полицајците, а кој ќе раководи со единицата, ќе се знае до крајот на неделава.

„Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица“, рече Спасовски.

Дел од медиумите претходно излегоа со тврдењето дека се расформираат „алфите“, но информацијата не беше потврдена од Министерството за внатрешни работи.

Loading...