Дома Останато Николче од Кочанско Зрновци: Ни се запали куќата, сè ни изгоре –...

Николче од Кочанско Зрновци: Ни се запали куќата, сè ни изгоре – останавме на улица со татко ми

До редакцијата на Балкан пристигна порака од младиот Николче Митев кој живее во општина Зрновци, Кочанско.

-Гледам дека објавувате за луѓе на кои им се случиле несреќи, па решив да ви пишам. Прочитав за она што им се случило на луѓето во село Спанчево, но треба да прошетате малку и во други села.

Loading...

Еве на пример нас ни се случи несреќа пред десет дена, ни изгоре куќата, па со мојот татко останавме буквално на улица.

Ние со татко ми сме невработени, немаме ни социјална помош, живееме во голема беда и навистина ни е потребна, молиме за помош од државата, или од било кој може да ни помогне.

Доколку сака некој да помогне, може да го контактира Николче Митев на неговиот фејсбук профил ТУКА.

Loading...