Дома Останато Ја сонувавте мајка ви која веќе не е жива? Откако ќе го...

Ја сонувавте мајка ви која веќе не е жива? Откако ќе го прочитате текстов, сè ќе ви биде јасно

Нашето саботно утро ни го пореметија тешки звуци на метал кои одекнуваа од некои собирачи на старо железо, а соседите поставуваа нова оптичка мрежа; На врата ни поѕвоне некој човек “Собираме средства за болно девојче”;На улица нешто работеа

Loading...

Јас негодував зошто еднаш не можеме на раат да го испиеме утринското кафе, на мир, без тропање, без вознемирување. Само што седнав на тераса, еден облак од прашина ме преплави целата.

“Е стварно ова веќе не се издржува! Пак само ќе пополнат неколку дупки на асфалтот со песок и камења колку да се рече дека нешто сработиле, а асфалт ко што треба – никогаш! Го гледаш ли ти ова Сашо?”

И навистина помислив дека во град човек не може да ужива во едно мирно утро. Мислев дека поради тоа тој молчи. “Дали си добро? Сè е во ред?” – го прашав.

“Ја сонував мајка ми” – рече Сашо.

“Блазеси ти” – му велам јас, но тој не ме слушна.

Многу добро знаев колку е болно да се сонува мајката, првите неколку години после нејзината смрт. Ние кои немаме мајка веќе со децении, се радуваме на таквите соништа. А првите години после смртта на мајката се многу тешки. Тие соништа всушност даваат силно спознавање за тоа што си изгубил.

Ти даваат бела магловита надеж дека кога ќе се разбудиш, сè ‘ќе биде исто, дека ќе ја гушнеш мајка си и ќе сфатиш дека сè било само сон. Но, будењата се тешки, особено првата секунда откако ќе одлета сонот, кога ќе сфатиш дека си тотално беспомошен да го задржиш тоа чувство уште барем една секунда.

И тогаш, следниот ден го поминуваш во молчење, сеќавање и размислување зошто токму тој сон морал да се случи.

Пред некој ден ја запознав мајка и на Снежана. Изгледаше нестварно, како преправена кралица Елизабета која се спуштила од рајот. Како Зевс кој се симнал од Олимп, мајка и на Снежана нè милуваше со своите очи, како оживеана бабичка од детските сликовници.

Мајка и на Снежана одеднаш ме повлече и неочекувано ме бакна. Сама себеси се зачудив зошто реков: “Заборавив како е да се изма мајка”. А таа само ме гледаше со својот бајковиден топол поглед.

“Сигурно си заборавил како е да се има мајка?” – го прашав еден мој пријател, чија мајка ја нема пред повеќе од 40 години, уште додека тој бил дете.

“Не сум заборавил. Се сеќавам на косата и на болката. Некогаш, нечија коса ќе ме потсети на мајка ми, ама болката, таа никогаш не се заборава.”

Отсекогаш некако молчешкум добро се сложував со луѓе кои немаат мајка. Како да имаме некој тивок сојуз меѓусебе. Како да си даваме себеси повеќе право на живот, на комфор, како да имаме малку повеќе простор за себеси да си простиме за некои постапки. Бидејќи едноставно ќе кажеме: “Па, доволно е што немам мајка, зарем треба уште нешто да претрпам?”

“Доволно е нефер само што немам мајка” – рече Љуљета, оправдувајќи некои нејзини и мои грешки. Секој друг проблем е само грд додаток на тој факт кој некогаш го потиснувам, затоа што луѓето околу мене мислат дека сум доволно возрасна и дека мајка повеќе не ми треба.

Во желба да имаме мајка барем за момент, често се препуштаме на фантазирање за тоа, што би се случило кога Бог би ни дал втора шанса. Кога би ни било овозможено како во некој филм, барем на кратко да ни се врати нашата мајка, барем на 5 минути!

Би сакала на кратко да се појави мајка ми и да ја прашам дали во некои моменти била уморна од тешкиот живот? Сега, кога подостаревме, немаме прашања до мајките. Сега сакаме само барем за миг да го почувствуваме нејзиниот мирис, нејзината топлина и чувство на сигурност.

Loading...