Дома Останато Фросина од Скопје: Не биди глупа – не дозволувај да бидеш играчка...

Фросина од Скопје: Не биди глупа – не дозволувај да бидеш играчка на некој кој не те заслужува

Статус на Фросина Ѓорѓиовска: ,,Сè додека не најдете некој кој ќе биде тука за вас затоа што сака, а не затоа што мора, не се задоволувајте со трошки и заминете. Сè додека не најдете некој кој вистински ќе биде тука, не прифаќајте да бидете играчка што се зема само кога ќе им притребаш, а кога не, тогаш ќе се зафатени, уморни и нерасположени, додека на фб го ловат следниот плен.

Само глупи наседнуваат на тие фори. Не биди глупа. Одјеби секој што ти дава помалце од тоа што го даваш ти. Најди некој што ќе те засмејува, затоа што сака да те гледа среќна, а не некој на кој ќе му ја осветлуваш темнината во душата и ќе му ги бркаш демоните од главата, за ко ќе прогледа да ги види сите, освен тебе.

Loading...

Веднаш заминувај од такви промашени случаи кои не знаат ни што со себе, а не па со тебе. Најди некој паметен, што ќе ти ги прошири хоризонтите и ќе учите и растете заедно во духовна и интелектуална смисла. Некој со 2 книги и 3 филма не те заслужува.

Значи или е мрзлив или е глуп, а рековме бегај од глупи. Најди некој несебичен, кој ќе сака со тебе да споделува и време и муабет, без да го нарекува твоетво внимание себичност, само за да ја префрли вината на другата страна. Чиста манипулација, на која ќе научиш да не наседнуваш, дури и ко ќе му вратиш со ок.

Речи ок за да не се расправаш, бидејќи не вреди и бегај што подалеку од емотивни инвалиди. Емотивниот инвалид си наоѓа жртви, спротивни од него. Топли луѓе, кои вистински се предаваат и таа предаденост не им проаѓа за месец дена. Емотивниот инвалид бега штом почувствува љубов. Не ти треба некој кој не знае да се носи со твоите емоции.

Заслужуваш да бидеш нечиј универзум, а не нечија играчка, интересна додека не излезе нова. Не се задоволувај со трошките што ти ги фрла некој, само затоа што ти се свиѓа. Вредиш повеќе од: еј не можам сеа, абе нешто зафатен бев деновиве, ај сеа не сум баш расположен за мубети, леле на работа ме полудеа со обврски.

Не паѓај на такви срања, затоа што, истиот лик пред да те добие, т.е. пред да те изебе, додека не те освои, не беше ниту зафтен, ниту лошо расположен, не беше ниту у гужва. Среќо, ти се качил и сеа сака да те откачи. Батали го. Што ќе ти е уште еден промашен случај. Пушти го нека си тера таму на дното, а ти круната на глава и не прифаќај ништо помлце од тоа што можеш да го дадеш.

Никогаш за ништо не е доцна, па макар го нашла вистинскиот и у старечки дом. Подобро така, отколку лажен и несреќен живот, колку да се рече дека имаш некој. А ти секогаш ќе имаш некој, затоа што се имаш пред сè самата себе. А емотивниот инвалид ќе бара нова жртва на безбедна дистанца, за да си ја залечи осаменоста за која сам е виновен. Ама разбери го.

Тој се нема ни самиот себе, затоа така прави. Затоа граба од туѓите емоции, затоа што нема свои. Затоа што му требаат твоите емоции за да се осети жив. Не давај да те истроши бездната во неговата душа. Биди горда, затоа што ТИ имаш способност да љубиш, а тој е способен само да остава.”

Loading...