Дома Свет Ненси Пелоси: Трамп ќе биде отповикан засекогаш

Ненси Пелоси: Трамп ќе биде отповикан засекогаш

„Тој само што беше отповикан. Ќе биде отповикан засекогаш. Без разлика што прави Сенатот. Тој е отповикан засекогаш затоа што го прекрши Уставот“, рече таа, пренесе Гардијан.

„Ако ништо друго, тој ја виде моќта на чеканот“, рече Пелоси за АП. „И не само јас, туку сите наши членови донесоа своја одлука“.

Од претходната ера на лидери – како Сем Рејберн, чие име е на зградата во Капитол, или Њут Гингрич, кој дефинираше политичко движење – досега спикерот немал такво влијание, пишува Гардијан.

Loading...

„Таа управуваше со сила и авторитет“, рече Џулијан Зелизер, професор по историја и јавна политика во Принстон.

Зелизер рече дека Пелоси постигнала со Трамп она што другите не можеле, а тоа е да се изгради коалиција доволно силна за претседателот да сноси одговорност, преку импичмент.

„Таа најверојатно ќе влезе во историјата како еден од најефикасните спикери“, рече тој.

Доналд Трамп во меѓувреме во петокот го избегна вашингтонскиот студ и импичментот за да ги прослави Божиќ и Нова Година во сончевата Флорида со семејството и пријателите.

Loading...