Дома Економија Премиерот Заев објави за колку ќе се покачат пензиите во 2020 година

Премиерот Заев објави за колку ќе се покачат пензиите во 2020 година

Премиерот Зоран Заев на денешната неформална средба со пензионерите во Скопје, на која заедно со министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјала, Мила Царовска ги презентираа мерките посветени на постарите граѓани изјави дека просечната пензија од јануари наредната година е предвидено да се покачи на 15.500 денари.

Loading...

Владата за 2020 година во буџетот, кој што е во Парламентот и деновиве треба да се усвои, предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување околу 200 денариПремиерот рече дека пензиите во 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари, односно како што појасни, со доаѓањето на власт од јуни 2017 година, до почетокот на идната година вкупно ја покачиле просечната пензија за 1.746 денари.

– Оваа Влада како левичарска Влада е сериозно посветена на вложување во човечкиот капитал, во целиот овој период, сите перформанси на економијата кои дојдоа со крупните и храбрите политики, интеграциските политики, овозможија нашиот буџет да биде стабилен, да немаме раст на јавниот долг, да немаме дополнителни задолжувања освен за капиталните инвестиции, и сите овие наши ресурси да направиме рамномерна распределба за придобивките на сите граѓани во унапредувањето на економскиот стандард на граѓаните, додаде Заев.

Loading...