Дома Останато Тимо Соколов: Сите ме прашуваат зошто постојано се враќаш од Шведска во...

Тимо Соколов: Сите ме прашуваат зошто постојано се враќаш од Шведска во МК – епа еве го одговорот

Томотеј Соколов е еден од многуте Македонци кој вози камион низ Европа. Тој во статус на социјалните мрежи објаснува зошто засекогаш не останува во Шведска:

,,Многу пријатели ме прашуваат секојдневно. зошто не сум си живеел и работел во Шведска за 2500 евра месечно туку сум си доаѓал овде во Македонија и сум работел за 2-300 евра месечно. Па еве го одговорот :

– џабе ми се парите кога ги немам своите дечиња да си ги гушнам и бакнам секоја вечер пред легнување и наутро кога стануваме,

Loading...

-жена без маж и маж без жена не е брак,

-деца без родители и родители без деца не се семејство,

-подобро сув залак и мир во скромната куќа,отколку пари,раздор и кавги во раскошниот дворец,

-можеби за некој сум луд,прост,болен или будала во неговите очи,а за некој можеби сум умен,но секој си има свој начин на размислување,свои чувства,свои одлуки и свој живот….за мене Господ и моето семејство се на прво место….парите доаѓаат на последното….овоземниот живот е краток и смртта со пари не можеш да си ја откупиш.

Со парите може да купиш секс но не и љубов, можеш да купиш книги но не и знаење, можеш да купиш лекови но не и здравје, може да купиш армија но не и мир…..

Кој разбрал разбрал кој не нека е жив и здрав.”

Loading...