Дома Балкан Поради загадување на воздухот забрана за петарди и пиротехнички средства

Поради загадување на воздухот забрана за петарди и пиротехнички средства

Loading...

Косовското Министерсство за заштита на животната средина побарало од општинските власти да забранат употреба на петарди и пиротехнички средства за време на новогодишните празници, јави РТК.

Министерството нагласува дека причина за тоа барање е „заштита од загадување на воздухот и последиците од користењето пиротехнички средства за здравјето на луѓето и животната средина“.

Министерството испратило писма до градоначалниците на сите општини во кое бара забрана за петарди и пиротехнички средства на јавни места за време на новогодишните празници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства.

Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Loading...