Дома Македонија Наместо нов попис, ДУИ би сакала пратеничките мандати да се поделат според...

Наместо нов попис, ДУИ би сакала пратеничките мандати да се поделат според пописот од 2002

Loading...

ДУИ е решена да ги употреби сите механизми во Собранието за да ги блокира измените на изборниот модел, односно наместо шест Македонија да биде една изборна единица.

Еден од џокер амандманите за блокада на Изборниот законик е пратеничките мандати да се врзат со последниот попис на населението од 2002 година.

Според ова, ако пратеничките мандати се поделат според последниот попис, Македонија да биде една изборна единица и да има загарантирани места, за да се обезбеди правична застапеност, според пресметките на партијата на Али Ахмети, во Собранието 77 пратенички мандати ќе бидат загарантирани за Македонците, Албанците ќе имаат 30 пратеници, 5 ќе бидат загарантирани за Турците, Ромите ќе имаат 3 пратеници, Србите 2, додека Власите, Бошњаците и другите би имале по еден пратеник. ДУИ предлага и изборниот праг да биде од 3 до 5 отсто.

Од партијата повторуваат дека изминативе месеци ДУИ гласно се спротивставила на промената на изборниот модел, без разлика дали предлогот доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ, бидејќи тоа, според нив, е на штета на правичната застапеност во Собранието.

Loading...