Дома Македонија Македонското село во кое нема сиромашни, нема невработени и нема иселувања

Македонското село во кое нема сиромашни, нема невработени и нема иселувања

Нема невработени лица, нема сиромашни семејства, нема иселувања, наталитетот и бројот на жителите се во пораст… Ова се белезите на селото Тумчевиште, кое се наоѓа во срцевината на горнополошко плодно поле, на надморска височина од 490 метри, меѓу планините Сува Гора на исток и Шар Планина на запад, а од левата страна тече реката Вардар.

Атарот на селото се простира на 3,2 квадратни километри, со обработлива површина од 285 хектари. Селото е од збиен тип, групирано во Горно и Долно Маало, има 80 новоизградени современи куќи, во кои живеат околу 400 жители.

Loading...

Има останато уште четири стари куќи, нивните сопственици идната година ќе ги урнат и на темелите ќе изградат нови, модерни. Куќите беа изградени со помош на државата, веднаш по ослободувањето, во периодот од 1946 до 1950 година.

Селото Тумчевиште се вбројува меѓу ретките селски населби во општината Гостивар, можеби и пошироко, каде што живеат исклучиво етнички Македонци, а во последниве три децении постојано бележи напредок во сите сфери. Во позитивна смисла начинот на живеење го преобразија, што е за секоја почит.

Пред тоа за селото се говореше дека се наоѓа на последното место на најсиромашните села во пошироката околина. Тумчевиштани успеаја маките и тешкотиите, бедата и сиромаштијата, бесперспективноста, да ги променат и создадоа квалитетни услови за живеење во нови современи куќи, опремени со мебел, бела техника и сѐ што му е потребно на домаќинството.

Целата сторија проследете ја на Нова Македонија

Loading...