Австралискиот натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло, Александар Волкановски (31 година) е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија, откако ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.
He has DONE it! 🏆
🇦🇺 @AlexVolkanovski derails the Blessed Express at #UFC245! pic.twitter.com/ekpfAWeQ3N
— UFC (@ufc) December 15, 2019
Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист.
Тој е роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во далечната Австралија.
A true FW clinic! 👏
Holloway and Volkanovski go the full 25 for the gold! How are you scoring it?! 📝 #UFC245 pic.twitter.com/pAC6GJLdzi
— UFC (@ufc) December 15, 2019
Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.