Дома Македонија Граѓаните на Струга гневни: Министерот пред месец денa рече дека се работи,...

Граѓаните на Струга гневни: Министерот пред месец денa рече дека се работи, а овде нема градежни машини

Loading...

Aкo до крајот на декември не почне да се реконструира или пак да се гради нов пат од Струга до граничниот премин Ќафасан, жителите на околните села се закануваат со протести и блокади. Со години патот е во очајна состојба, иако на овој потег гравитираат неколку поголеми села како Шум, Радолишта, Теферич, Франгово и други.

„Колку што знам јас општината и владата се запознаени со ситуацијата. Патот е голем проблем за сите нас бидејќи е во лоша состојба. Автомобилите ги расипавме, има многу дупки, многу сообраќајни незгоди со многу човечки жртви…“, вели жител на Шум.

„Планираме после десет дена да го блокираме патот. Министерот за транспорт и врски пред месец дена рече дека овде се работи, а овде нема градежни машини. Се чистеа само каналите од Ќафасан до Струга“, рече еден жител на Франгово.

„Многу пати велеа дека ке се направи, но во реалноста ништо не се случи. Затоа ние одлучивме, ако во текот на овие 2-3 недели не се преземаат мерки да се подобри патот, како што претходно рече колегата, ќе го бојкотираме овој пат“, додава жител на Радолишта.

Целата сторија проследете ја на Алсат М

Loading...