Дома Економија 45 илјади вработени ќе добијат покачување на платата и до 6 илјади...

45 илјади вработени ќе добијат покачување на платата и до 6 илјади денари

Осум илјади претпријатија досега побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45 илјади вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Според Лукаревска, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавачите што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето.

Loading...

Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.

Loading...