Дома Свет Само што полетал од Сиднеј, се појавил чад во авионот на Ербас...

Само што полетал од Сиднеј, се појавил чад во авионот на Ербас (ВИДЕО)

Патниците на летот на авиокомпанијата Квантас од Сиднеј за Перт, евакуирани се од Ербасот А330, бидејќи посадата била принудена да го врати авионот во Сиднеј поради чад во кабината.

Loading...

Авиокомпанијата соопшти дека авионот свртел брзо после полетувањето поради хидрауличен проблем.

„Кога авионот се врати до излезот капетанот одлучи да го евакуира леталото од претпазливост и трите тобогани за вонредни ситуации се отворени“,наведе компанијата во соопштението.

Патниците се евакуирани со тобогани, но и преку редовните излези од авионот.

Авионот на аеродромот е довлечкан до излезот каде поради назнака дека се замаглува во кабината, посадата одбрала опција патниците да се евакуираат.

Loading...