Дома Македонија Внимавајте што пишувате: Поради објави на социјалните мрежи лишени од слобода две...

Внимавајте што пишувате: Поради објави на социјалните мрежи лишени од слобода две лице во кочанско

Поради свои објави на социјалните мрежи, две млади лица од општина Чешиново-Облешево завршиле во полициска станица.

На 13.12.2019 во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода С.Ј. од с. Чешиново поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ преку објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза.

Loading...

На 14.12.2019 за истото кривично дело е приведен и Д.А. (36) од с. Облешево. По документирање на случаите ќе следат содветни поднесоци до надлежното обвинителство.

С.Ј. од с. Чешиново приведен поради објавување преку интернет на текст и фотографии кои содржат говор на омраза

Loading...