Дома Свет Се омажи за австралискиот мултимилијардер, кој е постар од неа дури 34...

Се омажи за австралискиот мултимилијардер, кој е постар од неа дури 34 години: Открива како се запознале

Таа блескаше во венчаницата, а да го видете пак, него!

Loading...

Нади Хасандедиќ која потекнува од Босна и Херцеговина, пред две години се омажи за 34 години постариот мултимилијардер од Сиднеј, Невил Криктон.

Венчавката беше најавена како настан на годината во Австралија, за која беа потрошени дури милион долари. Беше проследена и објавена од сите познати светски медиуми.

Во интервјуто за Дневен аваз, Нади откри детали од својот приватен живот.

Имено, нејзиниот татко живеел во Австралија многу години пред да се врати во Мостар каде ја запознал нејзината мајка.

После венчавката се вратиле во Австралија, каде и таа е родена, а после војната повторно го посетиле Мостар. Само неколку месеци подоцна, татко и починал од рак.

Што се однесува до огромната разлика во годините помеѓу неа и нејзиниот сопруг, Нади изјавила:

“Невил ја сака мојата реалност која како што тој вели, е старомодна и мрачна, а бидејќи тој е со млад дух и го сака животот, па некако се среќаваме на половина.

Мојот сопруг го сака брзиот живот, сака да работи и да се забавува, а јас сум спротивно на него, повеќе сум цврсто на земја” – изјавила таа.

Откри и како се запознале:

“Се запознавме преку некои пријатели, случајно на ручек за еден Божиќ. Воопшто не помислувавме дека меѓу нас ќе се случи нешто повеќе од пријателство, особено поради разликата во годините, но, се случи затоа што сфатив дека неговиот изглед и возраста воопшто не се важни”- вели Нади.

Нејзиниот сопруг Невил се збогатил со увоз на автомобили, од што заработил 400 милиони долари. Неодамна купил летниковец од 33 милиони долари во кој ќе живее тукушто венчаниот пар.

Loading...