Дома Македонија Тричковски: Геро нема трунка свест за сопствена одговорност – Идиот

Тричковски: Геро нема трунка свест за сопствена одговорност – Идиот

Статус на Бранко Тричковски: Скица за рекет за добар ритерн

,,Геро беше прдеж кој не беше задоволен од својот досег.
Во времето на најголемиот очај, некој му беше рекол дека прдежот мора да го претвори во говно ако сака да ја прошири својата смрдеа.

Кога таа негова амбиција се сретна со клистерските способности на Орце и на неговите пари, се беше готово за серијалот “Рекет”: малограѓанска сапуница за општо општествено загадување, за предизвикувањето на хаос, хистерија и морална паника, како амбиент во кој ќе се спречи обновата на правниот поредок и еден криминалец, голем криминалец, многу богат човек, ќе се спаси по која било цена, директно, со смена на власта или со растурање на државата, сеедно.

Сите опции им беа добитнички. Освен губитничката. Хахаха, таа што некои луѓе ја скицираа уште на почетокот на скандалот. И која така водвиљски деновиве почна се истура пред судот и пред светот.

Геро е таргетиран, врбуван и селектиран езоп во пучистичката приказна, затоа што селекторите имале увид во две компоненти на неговиот карактерен профил: амбициозноста без покритие и психосоциопатскиот момент кој го дистанцира од алгоритмите на времето и на историјата и го реализира исклучиво врз основа на сопствените проекции и на проекциите за себе.

Морално анестезиран говњар кој дефектот го прикрива со морализаторски паради. Тој и денеска, кога цистерни заебанции се сипуваат врз неговата глава како палчистичка боенка, стои како статуа на слободата, без трунка свест за сопствената позиција и за сопствената одговорност. Идиот.

Тоа ќе го спаси. Затоа што секој нормален на негово место би презел нешто за спас на сопствената чест. Како таков бил идеален за аферата “Рекет”. Со тоа што, мора да се каже, не тој ја открил аферата, туку аферата го открила него. И го сервисирала, точно според планот: “да ги пука сите”. И ги пукаше: Заев, владата, Кирацовски, Шекеринска, Бихаќка, СДСМ, СЈО, Катица, Фатиме, Боки, Тричковски…што заедно со организираната кампања на вмороните, со Антинијо и Мицко како фронтмени и “слободните демократи” предводени од сите отровни телевизии, од Милчин, Ивор и распеаното душтвото катастрофичари, предизвикаа таква штета врз македонскиот општествен и културнополитички организам, каков што на времето не успеаја да предизвикаат ниту француските атомски проби брз атолот Муруроа.

Не можам да се сетам која би била соодветната казна за него, за неговите налогодавачи, за неговите подржувачи и за мувите што се залепија за него, за приказната и за целата хистерија, како најголем хит на будалите.”