Дома Македонија Од 1. Јануари нов данок за моторни возила – еве кој ќе...

Од 1. Јануари нов данок за моторни возила – еве кој ќе плаќа повеќе, а кој помалку

Новиот правилник за даночење на нови и половни возила, кој треба да стапи во сила од 1 јануари 2020 година предвидува возилата што повеќе загадуваат да плаќаат и повисоки давачки.

Во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ што вечерва се емитува на програмата на Алсат, првиот цариник, Ѓоко Танасоски, вели дека промената на цените на возилата не се очекува да се почувствува во првата година туку процесот ќе се одвива постепено.

Танасоски појасни дека новиот закон се однесува на увозот на нови и на половни возила и оти покрај повисоки давачки за поголемите ослободувачи на јаглероден моноксид, ќе има бенефиции за возилата што емитуваат помали концентрации на СО2.

Loading...

„Она што е добро, со овој закон се исправаа одредени неправди, да речам, во два аспекта. Во контекст на ослободувањето, каде што имаме ослободување на возилата кои се користат за прва помош, на оние кои се користат за превоз на починати лица, ја стимулираме набавката на нови возила за такси превоз, каде што се предвидува да се враќа данокот на моторни возила 25%, додека за возилата со број на седишта 7+1 и 8+1 кои се користат за такси превоз и за превоз во претпријатијата ќе се враќа до 80% од данокот. Електричните возила од сите категории се ослободени од данок“, вели Танасоски.

Согласно новиот закон, хибридните возила се ослободуваат до 50% проценти од данокот.

Извор: Алсат

Loading...