Дома Магазин (ВИДЕО) Нова печалбарска песна Влатко Миладиноски сними во Швајцарија

(ВИДЕО) Нова печалбарска песна Влатко Миладиноски сними во Швајцарија

Влатко Миладиноски денес премиерно на сопствениот ЈуТјуб канал го претстави својот најнов видео запис за големиот хит „Се вратив сине“ испеан на Фолк Фест „Валандово 2018“

После големата турнеја по светот каде што има македонци и во Македонија, видеото како дел од музичкиот проект е изработено од нашите пријатели IN TV и Ване Петкоски, во Лозана и Морж – Швајцарија, како и делови од нашите преубави Македонски краишта на Козјак.

Loading...

Автори на оваа преубава печалбарска приказна се маестро Златко Миладиноски аранжман и музика, додека текстот е дело на Драган Матески.

Во продолжение ви го презентираме официјалниот видео запис, а сите кои немате планирано каде ќе ја поминете најлудата ноќ и 1-ви, Влатко Миладиноски за 31-ви ќе пее во „La Casa Grande“ – Прилеп, и 1-ви 2020-та во Кочани – „Але-Дар“ Ресторан. Среќни празници!

Loading...