Дома Македонија Падна одлука: Бугарија децидна – македонскиот јазик не постои

Падна одлука: Бугарија децидна – македонскиот јазик не постои

По денешната седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН.

Со тврдењата дека постои македонски јазик се нарушуваат односите меѓу двете земји, оценуваат бугарските академици испровоцирани од Повелбата на Македонската академија на наука и уметност од 3 декември. Тамошната научна академија- БАН попладнево усвои став сличен на оној на државниот врв во Софија искажан во декларацијата од октомври годинава, дека македонскиот јазик е наречје на бугарскиот, а придружните документи содржат и серија квалификации и навреди за македонскиот јазик.
БАН признава дека денешниот став е директна реакција на донесената Повелба за македонскиот јазик од страна на МАНУ.

„Документот (на МАНУ, н.з.) предизвика многу сериозни научни забелешки“, се наведува во соопштението на бугарската академија.

Собранието на МАНУ на 3 декември усвои Повелба за македонскиот јазик во која ги изнесува научно признатите факти за македонскиот јазик. Повелбата, како што соопшти МАНУ, ги зацврстува ставовите на Академијата за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела.

БАН побарала одвоени мислења на оваа тема од три институции: Институтот за бугарски јазик, Кирило-методиевскиот научен центар и од Инстиутот за историски истражувања; а нивните ставови биле поткрепени и од индивидуалните позиции на академиците на БАН.

Бугарските академици сметаат дека „македонската позиција е лажна и неприфатлива и ги нарушува односите меѓу двете соседни држави“.

Од трите консултирани институции од страна на БАН, јавно достапен е документот на бугарскиот Институт за историски истражувања. Во него се користи синтагмата „ткн. македонски јазик“ и се наведуваат цитати на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович и Кузман Шапкарев од кои произлегува дека јазикот кој се зборува на територијата на Северна Македонија е бугарски.

Целата сторија проследете ја на „Дојче веле на мекедонски јазик“