Дома Останато Во сред бел ден во Париз Марко е опљачкан од лажни полицајци

Во сред бел ден во Париз Марко е опљачкан од лажни полицајци

Во ова време во кое живееме, треба да бидеме максимално претпазливи секој ден. Србинот по име Марко, вчера доживеал голема непријатност, па дури и бил ограбен, пренесува порталот ссуп.фр. Еве како сето тоа се случило.

Околу 21 часот излегол да купи вода во париското предградие Дранси, во близина на местото познато како „4 патишта“. На пат кон дома, носејќи шишиња со вода, запрел автомобил „Рено Меган“, од кој излегле четворица мажи со крем капачиња.

Loading...

Тие му покажале на Марко значка, му рекле дека се полицајци и почнале агресивно да се однесуваат. Иако не зборувале добро француски, тој разбрал дека тие го бараат неговиот пасош и го прашале дали продава ха шиш.

Марко им го дал пасошот, а потоа започнале детално да го претресуваат. Му го одзеле паричникот, клучевите од неговиот стан, а го замолиле и да ги соблече патиките. Марко бил видливо вознемирен, а по кратката „проверка“ му ги вратиле сите негови работи и му рекле дека е слободен.

Во шок, Марко влегува во неговиот стан недалеку од таму, и кога малку се потсмирил, тој сфаќа дека е ограбен и дека му недостасуваат 400 евра од паричникот. Тој го пријавил случајот во полиција, но се сомнева дека сторителите ќе бидат пронајдени.

Loading...