Дома Македонија Миленко до Влатко Ѓорчев: НА ФБ лажеш – во Америка си ја...

Миленко до Влатко Ѓорчев: НА ФБ лажеш – во Америка си ја претставувал ВМРО од Северна Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, објави статус за негови средби во Соединетите Американски Држави:

Loading...

,,Голема чест е да се претставува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.  Имав можност да се обратам на Извршниот комитет и Собранието на ИДУ за состојбите во Македонија.

Истакнав дека Македонија назадува во сите области – економијата, иселувањето на младите, корупцијата, слободата на медиумите и цела низа на меѓународни рангирања.

Нагласив дека Македонија постои силно незадоволство и револт кон Владата на СДСМ. Изборите во април носат промени и нова влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Информирав дека ВМРО-ДПМНЕ интензивно ја подготвува владината програма за обнова на Македонија.”

Но новинарот Миленко Неделковски објави фотографија, која наводно покажува дека Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ, всушност на настанот биле како претставници од Северна Македонија:

,,Ааааа, ти си бил таму како од Северна Македонија, така? Северџан 100%.. А на ФБ лажеш дека си од Македонија. Затоа, бидејки манипулираш и лажеш, за пратеник никој нема да те гласа.”, напиша Миленко на својот профил.

Loading...