Дома Македонија Еден од најблиските соработници на Мицкоски, адвокат Менкиноски: Каракачанов ми се заканува

Еден од најблиските соработници на Мицкоски, адвокат Менкиноски: Каракачанов ми се заканува

Еден од најблиските соработници на лидерот ан опозицијата Христијан Мицкоски, адвокатот Тони Менкиноски денес проговори и за отвореното писмо до вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Каракачанов.

Тој е запрепастен од однесувањето на Каракачанов, кој се заканува на еден адвокат од друга соседна земја – Македонија кој ги брани правата на малцинствата во Бугарија и истакна дека тоа не доликува на една земја членка на НАТО и ЕУ.

Loading...

-Каракачанов неодамна побара две македонски организации да бидат избришани од регистарот на Бугарија. Во барањето испратено до Обвинителството, тој во отвореното писмо спомнува и две македонски институции, поточно весникот “Нова Македонија” и мене кој сум бранител на неколку македонски организации на Македонците од Пиринска Македонија пред судот во Стразбур.

Значи, Македонија и македонското прашање не се проблем на Балканот, туку се решение на проблемот. Се додека не се реши македонското прашање ние тука ќе имаме проблеми. Имено, Каракачанов упати јавна закана подигајќи кривична пријава против мене, а веќе е во фаза и на обвинение поради луѓето што јас ги застапувам пред судот во Стразбур. Тие се повикани во полиција и даваат изјави.

Ова е страшно за една земја која е членка на НАТО и на ЕУ. Политичар се заканува на адвокат од друга земја во делот на застапувањето на луѓе пред Стразбур. Заканите упатени до мене значат влијание на процесот кој е во тек, со што се сака да се обезличи целиот процес и да се влијае врз мене како адвокат.

Ова што Каракачанов го има сторено, како вицепремиер и министер за одбрана, е спротивно на Европската конвенција за заштита на адвокатите. Покрај отвореното писмо до него, јас ги известив и сите релевантни институции и Обединетите нации и Советот на Европа, дека ако еден министер за одбрана се дрзне да го застрашува еден адвокат од туѓа земја, што останува за граѓаните кои живеат во неговата земја.

Сметам дека со овој процес за признавање на македонското малцинство ние на Бугарите ќе им дадеме една светлина, светлина за да имаат подобра држава, рече Менкиноски за ТВ Алфа.

Loading...