Дома Економија Тие што скенираат фискални сега може да добијат плус 50 евра на...

Тие што скенираат фискални сега може да добијат плус 50 евра на ден

Министерката за финансии Нина Ангеловска објави нива мерка за поттикнување на граѓаните да скенираат фискални. МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво, наградната игра почнува од 15 месецов.

Скенирачите на фискални сметки освен што ќе можат да добијат поврат на 15 проценти од ДДВ ќе имаат шанса и за парична награда.

Loading...

Право на наградната игра имаат сите оние кои скенирале сметки а можностите за добивка според надлежните се еднакви.

Од тие 10 парични награди на дневно ниво, според Ангеловска, четири ќе бидат во износ од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, и три награди од по 3 илјади денари. Од друга страна пак на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди и по сто илјади денари а двете главни премии се од по 3 милиони денари.

Според најавите првото извлекување за главна награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

Loading...