Дома Македонија Стечаец од Ерџелија: За 8000 денари сега треба да платам 70.000 денари

Стечаец од Ерџелија: За 8000 денари сега треба да платам 70.000 денари

Стечаец од с. Ерџелија, кој не сакаше да говори пред камера, пред извршителите се пожали дека за долг за телекомуникациски услуги од 8 000 денари, сега треба да плати 70 000 денари. Друг граѓанин побара поголема ефикасност зашто и покрај извршното решение не може да си ги наплати побарувањата од фирмата во која работел.

Loading...

– Околу 100 000 денари се. Не ми треба камата, јас сакам да ги искористам додека сум жив-изјави граѓанин- доверител

Според извршителите, проблемот датира од 2011 година, кога ги преземале предметите од судовите, а граѓаните се ставија во позиција на должници од огромни размери.

– Ние моравме да составуваме такви налози заради тоа што моравме да го испочитуваме Законот за облигациони односи, каде што се одредува висината на каматата-изјави Зоран Димов, претседател на Коморан на извршители.

Граѓаните изминатиот период протестираа и бараат измени на Законот за извршување и ревизија на процесот на наплата, но извршителите велат дека Законот е неопходон, зашто денешните должници, утре може ќе бидат доверители.
– Сметаме дека таков еден Закон со кој ќе се рализираат извршните исправи, за да не бидат само ставени во рамка е потребен и ќе биде потребен и во иднина-додаде Димов

Извршителите во полза на доверителите лани наплатиле 170 милиони евра, а годинава 100 милиони евра.

Извро: Сител

Loading...