Дома Македонија Сашо Тасевски разочаран: Им давав главни улоги, а не ме удостоија со...

Сашо Тасевски разочаран: Им давав главни улоги, а не ме удостоија со присуство на промоцијата на книгата

Сашо Тасевски: ,,Мал КУРиозитет. Тажна приказна од животот.
Веднаш по промоцијата на Жена вредна злато која беше во Драмски, имаше проба за една нова претстава.

Ниту еден од колегите глумци и глумици не дојде барем да честита, освен Гордана Ендровска која дојде со ќерките и купи книга да ме испочитува. Ниту еден. Ниту оние кои кога бев директор им дадов шанси првпат да добијат главни улоги, зашто знам колку му е тоа важно на млад глумец.

Нејсе, не се изненадив ама ич. Го знам добро тој свет на превртливци, лицемери и примитивци кои се кријат зад некоја маска на лажна интелектуалност. Само немав што да одговорам кога други ме прашуваа, а бе зошто не видовме ни еден од твојава фела.

Кој ме знае добро, знае дека пет пари не давам што е тоа така. Одамна сум отрпнал. Но продолжува да ме фасцинира тој феномен.

Утре во Сити Мол во Икона на приземјето, од 11 до 15 часот ќе потпишувам книги за жени и мажи вредни злато. Инаку дечково на сликата е Чеде, еден од многуте мои читатели кои ги прочитале сите мои книги. Тоа е она што најмногу ме мотивира.”