Дома Спорт (ФОТО) Фудбалерот на Вардар со специјална маичка: Само една иам вистина, има...

(ФОТО) Фудбалерот на Вардар со специјална маичка: Само една иам вистина, има една Македонија

Големите ривали во македонскиот фудбал, Вардар и Шкендија, со спектакуларно реми (2-2) ја спуштија завесата во есенската сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и најавија супер-интересна пролет.

Loading...

По мечот, најдобриот фудбалер на Вардар, Даниел Аврамовски го соблече дресот и ја покажа маичката која што ја носеше оздола а на која пишуваше:

„Само една има вистина, има една Македонија, делете ја, парчете ја, па ќе биде наша најмила“. Ова е добро познат стих од нашата позната народна песна „Бисер балкански“.

Што се однесува до мечот, Вардар поведе од пенал во 20.минута. Дарко Мицевски беше успешен реализатор на најстрогата казна за лидерот на табелата. Омар Имери успеа да израмни во 36.минута, со одличен шут во горниот десен агол по проигрувањето од Арменд Алими.

Вардарци и вторпат дојдоа до предност во 54.минута со погодокот на Али Адем, но Омар Имери со вториот гол во 63.минута израмни на 2-2.

ФОТО: Гол.мк

Loading...