Дома Македонија Доскорешниот заменик министер за образование Атанасов: Кажете прво колку се иселиле, па...

Доскорешниот заменик министер за образование Атанасов: Кажете прво колку се иселиле, па потоа колку паднала невработеноста

Со процентите за вработеноста во државата си ,,играат” сите партии кога се на власт. Ова што сега го гледаме не е ништо ново. И во времето на претходната гарнитура, по некоја голема инспекциска акција, кога дуќаните мораа да ги пријават вработените кои дотогаш работеле на црно, владата излегуваше со победнички бројки.

Сепак, намалување на невработеноста како резултат на квалитетни економски политики, сеуште не сме виделе.

На оваа тема се осврнува и поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов:

,,Стапката на невработеност во однос на последниот квартал е намалена на 17,1, кога изнесувала 17,5 отсто, а во првиот квартал 17,8 отсто.

На крајот на минатата година стапката на невработеност изнесуваше 20,7 отсто. Убаво… а кој ќе каже колку се иселиле?”