Дома Свет Тато, добив првпат: Еве како самохран татко го преживеал првиот мензис на...

Тато, добив првпат: Еве како самохран татко го преживеал првиот мензис на својата ќерка

Штом ќерка му се пожалила дека нешто чудно и’ се случува, тој отрчал во училиштето за да и помогне.

Да се биде самохран татко веројатно само по себе не е лесно, а да се биде самохран татко на девојче во пубертет е посебен предизвик.

Маверик Аустин од Тексас со својот пример докажа дека и татковците можат добро да се справат со женската физиолошка појава – конкретно, со првиот менструален циклус на својата ќерка.

Loading...

Кога сфатил дека ќерка му Ави (11) во школо ја добила првата менструација по што се исплашила, тој веднаш притрчал на помош.

Како и многуте девојчиња на нејзина возраст, Ави не била целосно сигурна што и се случува кога првпат ја забележала дамката на долната облека. Затоа веднаш го повикала татка си за да му се пожали дека “нешто чудно и се случува” и мисли дека “Не стигнала навреме да отиде во тоалет”.

Татко и во истиот миг седнал во автомобилот и пристигнал во училиштето кај својата ќерка.

“Побрзав да стигнам што поскоро во училиштето, однесов резервна облека, а старите алишта ги фрлив во ѓубре, по што морав итно да заминам на конференција” – напишал таткото на Фејсбук.

Меѓутоа, после неколку часови девојчето повторно му се јавило додека имал важен состанок на работа и му рекла: “Тато, повторно истото ми се случи”.

Збунетиот и зафатен татко и’ рекол: “Подобро избриши се и стави малку хартија”, па дека ќе ја побара повторно за еден час.

“Неколку минути подоцна ми текна. О, Боже! Истрчав до кантата за ѓубре за да ја ископам долната облека и да ја прегледам, и тогаш сè ми беше јасно. Иако дамката беше со темна боја, сепак сфатив за што станува збор. Како најдрагиот татко постапува во ваква ситуација? Трга во акција, секако”, напишал Маверик кој веднаш го прекинал состанокот, им се извинил на колегите и им објаснил дека мора веднаш да замине.

“Заминав во школото и попат ја викнав медицинската сестра да го побара моето дете и истовремено доживеав напад на паника, бидејќи ќерка ми ме повика за помош, а јас ја откачив. Истрчав кај сестрата, а таму Ави стоеше мирно, ме погледна и ми рече:

“Тато, добив за првпат…”Татко и’ веднаш ја прекинал на половина реченица.

“Дознав Ави, знам. Сфатив веднаш, неколку минути откако го прекинавме разговорот” – се присетува таткото.

А за да ја исправи грешката од незнаење, за Ави приготвил мало изненадување, бидејќи подоцна го прашала дали се добива нешто за првиот мензис, како за првиот заб кога ќе падне.

Тој како вистински татко истрчал до продавница и ќерката ја изненадил со куп чоколади и други слатки, со цвеќе и сладолед.

Loading...