Дома Останато Панки е на слобода – директорот на Золошка објави фотка со пејачот...

Панки е на слобода – директорот на Золошка објави фотка со пејачот (ФОТО)

Сашо Каимовски Панки е на слобода. Таков заклучок може да се донесе од фотографијата која ја објави Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, директорот на скопската Зоолошка градина, инаку добар другар на пејачот.

Панки беше уапсен во март годинава при влез во Грција. За него имало активна потерница распишана од германските власти за учество во кражби на податоци од картичкин и пари од банкомати.

Loading...

Пејачот се сомничеше дека во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Како што пренсуваа агенциите, Каимовски и уште две лица, од украдените податоци изработувале картички и со нив подигале пари во повеќе Западно-Европски земји, притоа предизвикувајќи штета од над 1,3 милиони евра. Оваа мрежа била активна во Грција, Италија, Франција и Бугарија и во земјава.

Loading...