Дома Македонија Падна одлуката: Познато колку години ќе мине зад решетки Кичеец

Падна одлуката: Познато колку години ќе мине зад решетки Кичеец

Зоран Милевски Кичеец е осуден на 3 години казна затвор, откако вчера на судењето за случајот „Рекет“ призна вина. Пресудата денеска беше соопштена во Кривичниот суд, а Кичеец присуствуваше на објавувањето.

-Судот како отежителни околности ги ценеше тежината на кривичното дело, умислата…, но ги ценеше и олестителните околности, дека е татко на пет деца, дека се грижи за своите родители, бидејќи неговиот татко е тешко болен, а го ценеше и неговото признание на вина, рече судијката Васка Николовска Масевска.

Таа потенцираше дека обвинетиот и обвинителството имаат право на жалба пред Апелација.

Тој се гонеше за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се закануваше затворска казна од 1 до 10 години.

Судењето за Бојан Јовановски и Катица Јанева исто така обвинети во „Рекет“ ќе продолжи, бидејќи тие не признаа вина, односно тврдат дека се невини.

Loading...