Дома Балкан Грција не може своето, а сака нашето небо да го чува

Грција не може своето, а сака нашето небо да го чува

Колку Грција навистина може да го заштити македонското небо во операцијата „Eр полисинг“ на НАТО ако таа во исто време не може да ја гарантира безбедноста на свoјата територија по зачестените прелети на турски воени летала над грчкото небо.

Оваа дилема е актуелна во домашната јавност по неколкуте неодамнешни инциденти поврзани со повреда на воздушниот простор.

Хронолошки наназад, последен ваков случај е регистриран минатата недела, кога Генералштабот на армијата на Грција соопшти дека два турски борбени авиона навлегле во воздушниот простор на Грција. Според грчки информации, турските борбени авиони од типот „Ф-16“ влегле во грчкиот воздушен простор без дозвола и го надлетале островот Липси, на височина од околу 24.000 метри.

Во соопштението од грчкиот Генералштаб се наведува дека авионите биле пресретнати од грчки воени авиони според меѓународните стандарди.

Претходно, само минатиот месец турски летала во неколку наврати ги прелетале островите Макрониси и Антропофагос на 10 илјади стапки.

Од друга страна, според магазинот „Нашенл херолд“, само годинава најмалку 99 пати досега турски борбени воздухоплови влетале без дозвола во небото на Грција.

Целата сторија проследете ја на Нова Македонија

Loading...