Дома Македонија Девојка која е потомок на македонски печалбари во Австралија од Егејскиот дел...

Девојка која е потомок на македонски печалбари во Австралија од Егејскиот дел на Македонија зборуваше за „Би-би-си“

„Би-Би-Си“ во сабота ќе емитува видео репортажа посветена на решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Репортажата ќе претстави две девојки, една Гркинка од Атина и една Македонка која е потомок на македонски печалбари во Австралија од Егејскиот дел на Македонија.

-Повеќе од три децении, еден збор стои меѓу две нации: Македонија. Името беше предмет на горка расправа меѓу Грција и нејзиниот северен сосед, сега преименуван во С. Македонија.

Преспанскиот договор кој стави крај на расправата, беше редок момент на единство во се повеќе поделената Европа. Сепак, на домашен терен, предизвика гнев, разочарување и страв на двете страни.

Кетрин Карели која е од Атина и Кортни Бембриџ која е Австралијанка чии претци биле словенски говорници од грчката провинција Македонија, патуваат од Солун до Скопје за да откријат што овој спор зборува за модерниот национален идентитет – пишува во кратката најава за репортажата на „Би-Би-Си“.

Loading...