Дома Македонија (ВИДЕО) Иако има оштетен вид, 10-годишниот Алдин од Куманово компонира музика

(ВИДЕО) Иако има оштетен вид, 10-годишниот Алдин од Куманово компонира музика

Едниот со хармоника, другиот со гитара, некој трет со пијано. Преку звуците на овие инструменти се интерпретираа разни мелодии на песни за да се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Меѓу музичарите беше и 10 годишниот Алдин Мурати од Куманово, ученик во училиштето за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“. Понесен од емоциите излезе пред публиката изведувајќи дело со хармоника.

„Научив да пишувам и да читам. Што правите кога имате слободно време? Седиме во училницата, не излегуваме надвор, седиме внатре. Јас добро научив хармоника. Дали ќе напишеш песна кога ќе пораснеш? Веќе создадов една за пијано, сам ја измислив, но тоа е само мелодија“-рече Алдин Мурати, ученик.

Неговиот татко вели дека е тешко да се патува секој ден од Куманово за Скопје, но желбата на синот да учи е над сè.

„И дома компонира музика. Се роди со проблеми, сите контроли му ги направивме кога беше потребно, секои три месеци, секои шест месеци му правиме контроли… Досега сами плаќавме, сега го ослободија и не плаќаме, нè ослободија од Фондот“-истакна Феим Мурати, родител.

На Меѓународниот ден на лицата со попречености уште еднаш беа актуализирани барањата и потребите. Најмногу забелешки има за инфраструктурата, образованието и ортопедските помагала.

Целата сторија проследете ја на ТВ Алсат М

Loading...