Дома Македонија Сашо Тасевски открива каков дијалог слушнал помеѓу мајка и ќерка тинејџерка

Сашо Тасевски открива каков дијалог слушнал помеѓу мајка и ќерка тинејџерка

Статус на Сашо Тасевски:

Се изнаБЛЕКФРАЈДЕЈлисувавте ли си се? Си ги решивте личните психички тегоби со тоа? Или останаа исти?

Леле жива ќе се изедам и тие црвените чизми што не си ги земав. Нема да си го простам ова. Па да се вратиме мамо додека не ги зел некој? Ајде, фрлај ќесите во кола, гужва негужва, се враќаме.

Овој дијалог го водеа пред кола мајка и ќерка тинејџерка кои држеа по десет ќеси облека во рацете. Претоварени. Минав покрај нив. Во спринт се упатија назад во молот. Спринт.

Инстинкт на изгубено и изгладнето стадо. Што од таа мајка што со таква ќерка? Не само вчерашниот, уште многу црни петоци се пред вас со тој памет.

Loading...