Дома Македонија Пратениците од ВМРО кои гласаа за договорот од Преспа бараат оставка од...

Пратениците од ВМРО кои гласаа за договорот од Преспа бараат оставка од Мицкоски

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои спротивно на одлуката на партијата го гласаа договорот од Преспа, а потоа беа исклучени од партијата, сега бараат оставка од лидерот Мицкоски.

-Со ова раководство, не постои простор за помирување и враќање во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изјави пратеничката Емилија Александрова, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Александрова побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон членството и пратениците.

-Кога се одлучуваше за европската иднина, за гласање на уставните измени, пратениците беа притиснати во ќош. Одеднаш на Мицкоски му стана важен НАТО.

Или во стилот на бугарското со Борисов ‘сичко е добре’, сега на ред е грчкото ‘не’, што во превод значи ‘да’. Не поддржуваме вакво лицемерие. Бараме Мицкоски да си даде оставка, рече Александрова.

Таа не коментираше дали независната група била дел од новата партија со вмровски предзнак, за чие формирање се шпекулира подолг период .

Loading...