Дома Спорт Падна официјална одлука: Следното Светско првенство во фудбал ќе се игра во...

Падна официјална одлука: Следното Светско првенство во фудбал ќе се игра во Македонија

Светското првенство во фудбал идната година ќе се игра во Македонија. Но како тоа сега „Мундијалот“ да се игра следната година кога истиот е на програмата 2022 во Катар.

Да, ова не е натпреварување кое постои во ФИФА од 1930 година и кое го освои Франција во 2018 година во Русија. Ова е сосема нешто поразлично и контроверзно.

КОНИФА – скратеница за „Конфедерација на независни фудбалски асоцијаци“, меѓународно тело во кое се наоѓаат репрезентации кои не се членки на ФИФА.

Или официјално кажано, добредојдовте на КОНИФА Светски фудбалски Куп“ кој од 30. мај до 7. јуни 2020 ќе се игра во Скопје.

Членови на КОНИФА се тимови кои претставуваат федерални држави, помали региони, региони и луѓе без нација кои претставуваа независни држави. Па поради тоа е и контроверзно ова натпреварување.

Информацијата дека Македонија е домаќин на настанот стои и на Википедиа

Loading...