Дома Македонија Охриѓани покажаа голема хуманост: Албанците од Драч јавно проговорија за она што...

Охриѓани покажаа голема хуманост: Албанците од Драч јавно проговорија за она што се стори за нив

Цели семејства со мали деца и постари луѓе се сместени во приватни вили во Охрид, чии сопственици ги отстапија после земјотресот во Драч

Прво го слушнав вресокот на 4-годишниот внук врз чиј што креветот каде спиеше падна шкафот. Имало и порано змјотреси, но како овој што беше никогаш немало.

Вака 75-годишната Мрига Џока, жителка на Драч, се потсетува на првите моменти од силниот земјотрес што минатата недела ја зафати Албанија. По двата силни потреси раскажува дека морале да се засолнат во автомобилот.

Таа деновиве заедно со своето седумчлено семејство е во Охрид. За Гласот на Америка, вели дека им е страв да се вратат во родниот град, затоа што не се чувствуваат доволно безбедни.

„Немаме верба да се вратиме назад. Поголемиот дел од Драч сега е мртов град. Но, идејата да дојдеме во Охрид ја прифативме веднаш. Слушнавме преку интернет и преку наши пријатели дека има ваква можност“, вели Џока.

Но, други пак велат дека ќе се вратат назад бидејќи нема каде да одат.

„Беше многу страшно. Земјотресот беше многу силен, се тресеше сè. Зградата каде што живееме од долгото тресење буквално беше пред распаѓање. Ќе се вратиме назад, бидејќи немаме каде да одиме иако состојбата е таква каква што е. Кој може да каже кога би имало повторно земјотрес, дали денес или после една година“, ни рече Сотир Трендафили од Драч.

Четириесетина луѓе деновиве се сместени бесплатно во една приватна вила во Охрид, каде граѓани и локални компании со помош на волонтерите на Црвениот крст секојдневно им носат храна и се грижат за нивниот престој. Помеѓу нив има и деца, но и семејства кои останале без своите домови. Тие организирано од граничниот премин се носат во Охрид.

„Им обезбедуваме оброци, лекарства и здравствена нега односно посета од лекар. Овде е сè подготвено. Затоплени апартмани и соби и мислам дека се задоволни“, вели Сашо Точков, претседател на Црвениот крст од Охрид.

Целата сторија проследете ја на Гласо на Америка на македонски јазик

Loading...