Дома Магазин Македонец кој работи во Луксембург: Имам работа од соништата, овде е рај,...

Македонец кој работи во Луксембург: Имам работа од соништата, овде е рај, ама буквално

Редакцијата на Балкан.мк успеа да стапи во контакт со еден Македонец кој работи во Луксемург, државата која важи за една од најбогатите во Европа. Наш соговорник беше Лазар кој доаѓа од град во источна Македонија.

„Македонската дијаспора ја има на сите страни, па така и во Луксембург. Јас знам за околу педесетина Македонци кои живеат и работат овде. Тука сум веќе трета година и можам да кажам дека ја имам работата од соништата, овде е рај. Можеби многумина ќе искоментираат дека ова не е работа, но ќе ви кажам зошто и тоа како е добра.

Работам на ранч каде што се грижам за коњи. Оваа работа ме исполнува и уживам буквално. Како прво, сместен сум на самиот ранч, опоколен со зеленило и природа и чист воздух. Работам и во штала, ама и тоа каква штала. Па таму е почисто од пола кујни во Македонија. Што ми се моите обврски?

Прва обврска ми е да се грижам да ги хранам коњите кои се расни. Втора е да се грижам за нивната хигиена. Потоа да ги набљудувам додека се шетаат во отворениот простор. Па да ги подготвувам за газдите кои ги јаваат. Се грижам и за околината косам трева, садам китки, ги наводнувам. Убавина, чиста работа, во природа, без шефови и стрес.

За плата не сакам ни да ви говорам, само доволно е да знаете дека минималната плата е 3000 евра. Притоа не плаќам смештај, живеам на ранчот и тоа во луксузен апартман, со соба, кујна и тоалет. Пазарувам во Германија од маркет и воопшто не е скапо. Имам службен автомобил. Притоа кога доаѓаат газдите на коњите, знаат да дадат бакшиш. Е сега единствено што е мана е што семејството не е тука.

Но планирам да го доведам, со тоа што барам смештај кој е екстремно тешко да се пронајде. А и ако се пронајде е многу скап. Па поради тоа ќе мора и сопругата да работи, па веќе паралелно како барам смештај, барам и работа за нејзе.

Д.С.

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Loading...