Статус на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ: Лицемерието на Мицкоски и дпмне!
,,Замислете ќе поднел иницијатива за ратификација на договорот за членство на Северна Македонија во НАТО. Имам 2 многу јасни прашања до Мицкоски и до вмро-дпмне.
1.Под кое име на државата ќе ја поднесете иницијативата и дали конечно го прифативте Преспанскиот договор и уставното име Република Северна Македонија ?
2. Зошто не го поддржите законот за одбрана каде што практично се регулира нашето НАТО членство ?
– Изговорот ви беше дека не го поддржувате законот заради тоа што таму стои нашето уставно име Република Северна Македонија.
– Зошто тогаш членството во ЕНП ви е регулирано по уставното име Северна Македонија и тоа не ви смета?
-Зошто воопшто пратениците од вмро-дпмне примаат плата и други додатоци од Собрание на Република Северна Македонија ?
Лицемерието и лагите на Мицкоски фатени на дело. Бидете сигурни дека народот тоа го препознава и на 12ти Април ќе ве казни како никогаш до сега.