Дома Македонија Калина Коси: Жално, имаме наш човек кој измислил изум против ПМ честитките,...

Калина Коси: Жално, имаме наш човек кој измислил изум против ПМ честитките, а не сме знаеле

Статус на Калина Коси: ,,На вести гледав, во Фонд за иновации го викнале за сликање и снимање пред камера господинот Петковски кој е машински инженер, а кој заедно со син му измислил уред што ги собира опасните ПМ честички и другите штетни материи од печките за греење.

Го седнале, го снимаат човекот, па го прашуваат нешто во смисла: А производов заштитен ти е? Човеков збунет одговара, не му се верува што го прашуваат: Да, да, како не, па освоивме медал во Тајван со него.

До Тајван отишле луѓето. До Тајван! И награда добиле. А Фонд за иновации не знае. Повторувам. Не знае! Уште и јавно покажува дека не знае!

Единствениот Фонд во државава кој до пладне треба да знае ако некој во село Кривогаштани сабајлето измислил нов начин за вадење компир со мотика или нижење пипер со игла! Истиот оној Фонд кој лани некому во скут му фрли 700.000 евра за „иновацијата“ – дизајн за пластично шише!

Што уште да се зборува? Се е отидено бестрага у оваа држава!”

Loading...