Дома Магазин Кајмакоски славеше нова победа, па покажа голема хуманост: Цела награда ќе ја...

Кајмакоски славеше нова победа, па покажа голема хуманост: Цела награда ќе ја донира

Македонската пејач Даниел Кајмакоски оствари победа во новата епизода од „Твоето лице звучи познато“.

Победник во 9. Епизода на шоуто Твоето лице звучи познато е Даниел Кајмакоски, а наградата од 1.000 евра ќе ја додели на Емилија Стаменчиќ која боледува од церебрална парализа и епилепсија.

Вечерашниот победнички тим е тимот од сезоната 3 кој го сочинуваат Ивана Петерс и Даниел Кајмакоски.

Даниел заедно со Едита Арадиновиќ настапија во улога на двојката која летово ја заинтересира целата светска јавност – Камила Кабељо и Шон Мендес.

Како што е познато, Даниел Кајмакоски пред три години беше победник на шоуто „Твоето лице звучи познато“ и доби 25.000 евра како главна награда.Тој тогаш освои најмногу гласови од публиката.

Loading...