Дома Магазин Бившата на Кајмакоски му се ,,бута” на Саша Ковачевиќ (ФОТО)

Бившата на Кајмакоски му се ,,бута” на Саша Ковачевиќ (ФОТО)

Викендов регионалната ѕвезда Саша Ковачевиќ беше во Прилеп, за да одржи хуманитарен концерт од кој сите собрани средства вклучувајќи го и неговиот хонорар беа наменети за подобрување на здравјето на две дечиња од Македонија.

Истиов викенд, во 9-тата епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград победи Даниел Кајмакоски, а наградата од 1.000 евра оди висто така во хуманитарни цели и тој ќе ја додели на една девојка која боледува од церебрална парализа и епилепсија.

Она што ги поврзува двајцата естрадни хуманитарци – Кајмакоски и Ковачевиќ, покрај професијата, естрадата и нивниот чин на хумана добрина е Кристина Димитриевски. Бившата сопруга на првиот, верна пријателка на вториот.

Имено, русокосата убавица веројатно (не)случајно се најде токму во Прилеп, па својата дружба со српската ѕвезда ја овековечи на социјалните мрежи со фотографија.

Пред бензинската пумпа под хотелот во која беше сместен Саша Ковачевиќ со неговата екипа во Прилеп! За карактерот на средбата не може да се зборува, освен ако не судите според насмевките од „уши до уши“ кај обајцата!

Извор: Вистина

Loading...