Дома Балкан Љубчо Георгиевски во сред Бугарија: Со резолуцијата која ја донесовте како да...

Љубчо Георгиевски во сред Бугарија: Со резолуцијата која ја донесовте како да сакате да го поништите договорот за соработка

-Декларацијата за пријателство се преговараше и беше прифатена од двете страни. Сега имаме едностранен документ, кој суштински и правно формално ги поништува декларацијата за пријателство и договорот за соработка. Практично се што беше постигнато се поништува со оваа резолуција која е донесена во Бугарија.

Повторно се бара Македонија да каже дека со името „Северна Македонија“ не означува претензии кон Пиринска Македонија. Прво, Северна Македонија не е ставено од кеиф или да се наштети на Бугарија, туку поради тоа што мораше да се најде име кое ќе биде достоинствено.

Втора работа. До ден денес од најжестоките антибугари во Македонија јас немам слушнато дека името Северна Македонија ќе означува претензии спрема територијата на Бугарија.

Се бара Македонија да се откаже од малцинство во Пиринска Македонија. Ние четири пет пати се откажува од малцинство, во декларацијата и договорот, и два пати менуваме Устав за да се откажеме од малцинствата во другите држави.

Георгиевски зборуваше и за работата на комисијата која ќе треба да решава за историските прашања кои се поврзани со историски личности како Гоце Делчев и рече дека бугарските политичари се натпреваруваат кој ќе биде повеќе арогантен кон Македонија.

Извор: Поглед

Loading...