Дома Балкан Газдата на македонскиот фудбалски шампион донираше милионска сума за Албанија

Газдата на македонскиот фудбалски шампион донираше милионска сума за Албанија

Албанските медиуми јавуваат дека семејството на газдата на ФК Шкендија, Лазим Дестани, донирало околу 3.000.000 евра за настраданите и погодените од земјотресот во Драч.

Исто така известуваат дека лично Дестани ден по земјотресот заминал во Драч да се увери во штетата.

Исто така, Самир Мане и Балфин Групацијата по предлог на претседателот на управниот одбор, Самир Мане, вчера донесе одлука да се донираат 1.2 милиони евра за сите опфатени од скорешните земјотреси во Албанија.

Во оваа иницијатива се инволвирани сите компании кои се дел од Балфин Групацијата не само со седиште во Албанија, туку и од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Регионалните компании како Нептун, Шпар, Џамбо, Ист Гејт кои се дел од Групацијата се директно инволвирани во помошта како финансиски така и на терен за помош на настраданите.

Нептун Македонија е компанија од нашата држава, која како дел од Балфин Групацијата праќа помош за засегнатите во вид на финансиска помош.

Балфин Групацијата и компаниите кои се дел од неа во државите од регионот се познати по општествената одговорност и хуманостне само во вакви елементарни непогоди, туку во секојдневието на луѓето на кои им е потребна помош.

Групацијата оваа голема хуманитарна акција ја води под мотото “Заедно, ќе се воздигнеме пoсилни” што значи дека помошта за настраданите нема да застане тука, туку ќе се продолжи до стабилизирање на општествените процеси.

Loading...