Дома Магазин Татјана Стојановска: Ми беше срам и плачев пред моите кога ми се...

Татјана Стојановска: Ми беше срам и плачев пред моите кога ми се случи најважниот момент во мојата младост

Татјана Стојановска, нашата најдобра и една од најубавите ТВ презентерки беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година. Така всушност и започна нејзината медиумска кариера.

Сепак, таа била многу срамежлива, па присетувајќи се на тие денови ќе каже:

– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”

Сепак, некоја година потоа животот по желбата на Господ ја однесе Татјана по своите патеки. Таа се вљуби и се омажи за пејачот Благоја Грујовски, роди син, но неколку години потоа тивко се разведе без медиумски спектакли. Денес и понатаму е успешна жена, има професија што ја сака (презентер во ТВ канал 5), а има и нова љубов што е и логично по неуспешниот брак заслужено да и се случи.