Дома Магазин Ќерка на наша позната инфлуенсерка ќе ја замени Миа Костова во ,,Бекстејџ”

Ќерка на наша позната инфлуенсерка ќе ја замени Миа Костова во ,,Бекстејџ”

Барбара Ракичевиќ ќе биде новата партнерка на Миро Кацаров, која од скоро заедно со него ќе ја сочинува водителската двојка на најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ кој оди секој работен ден на Канал 5 телевизија.

Барбара е ќерка на поранешната водителка, а сега инфлуенсерка Мелита Драгошановиќ која годинава токму во „Бекстејџ“ одблизу ја претстави својата тогаш 14 годишна ќерка, од бракот со сега веќе поранешниот сопруг, познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ.

Loading...

Тогаш Барбара го покажа својот талент за пеење, но очигледно „крвта не е вода“, па она што мама Мелита некогаш го работеше во телевизиите: Сител, А1 и АБ канал, Барбара која неодамна наполни 15 години ќе го продолжи во „Бекстејџ“, каде треба да ја замени Миа Костова.

Извор: Вистина

Loading...