Дома Балкан Сведошто на луѓе кои буквално во последна секунда избегале од зградите кои...

Сведошто на луѓе кои буквално во последна секунда избегале од зградите кои се срушиле

Со олеснување и аплауз реагираат мештаните секој пат кога некој жив ќе излезе од урнатините. Солзи и очај кога ќе биде пронајдено безживотно тело. Репортерката на ДВ во Туман, кој беше тешко погоден од земјотресот

Loading...

Состојбата беше конфузна со часови по првиот потрес. Спасувачките екипи и механизацијата се насекаде, пристигнуваат и од соседните земји и работат што побрзо можат- тука и секундите решаваат за животот и смртта. Во Туман, на 30-ина километри северно од Тирана и Драч, блокирани се речиси сите приоди кон урнатите куќи. Полициски кордон го чува патот.

Еден човек со насолзени очи се надева дека жената и синот ќе бидат спасени живи. Целото семејство го дочекало земјотресот на третиот кат, во својот стан. Се обидувале да се симнат кога подот се урнал и ги однел сопругата и детето во длабочината.

Артур Буши, градоначалникот на Корча, се обидува да воведе некаков ред. Организирано е сместување за луѓето кои го загубиле кровот над главата. „Приоритет е спасување на човечките животи“, вели тој за ДВ.

Семејството Тороцино живеело на највисокиот кат во една зграда во Туман. Урнатините се уште се пребаруваат. Ибије Тороцини, мајка на две деца имала среќа.

„Се уште сме во шок. Децата постојано се тресат. Земјотресот не затекна во сон. Целата зграда се тресеше. Мажот и јас ги дофативме децата и истрчавме низ вратата, но таа беше блокирана. Земјотресот ја урнал витрината која паднала токму пред вратата“, раскажува таа. Низ плафонот во станот им паднал и колекторот за вода од кровот на зградата. „Некако ја отворивме вратата и трчавме да си ги спасиме животите. Неколку моменти откако се најдовме на сигурно, целата зграда се распадна“, вели Тороцини.

Семејството на Клевица Тока исто така имало среќа. „Ние успеавме, но многу соседи не успеаја. Се молам се уште да се живи“. Стравот е сеприсутен. По главниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер следуваа уште стотици афтершокови и помали потреси.

Целата сторија проследете ја на Дојче веле на македонски јазик.

Loading...